Овие работи никогаш немојте да ги кажувате на вашите лекари!

Најдов на интернет …

Во овие тестови, често ќе најдете дека одредени симптоми може да бидат показател за некои безопасни болести, воспаление, итн, но исто така ќе најдете и некои “тешки дијагнози”. Не е ни чудно ако потоа сте загрижени.

Сепак, честите повици до вашиот лекар за страв дека имате тумор или мозочен удар бидејќи имате главоболка може да го зголеми чувството на страв, а лекарот ќе полуди, пишува Huffington Post.

Избегнувајте да бидете сам свој лекар и да поставувате дијагнози. Лекарите не поминале залудно толку години во учење и специјализација.

-Не сакам да ги вакцинирам своите деца ниту себе

Лекарите предупредуваат дека вакцините кои се препорачуваат за вакцинација на деца и возрасни безбедни и спасуваат животи. Бидејќи луѓето одбиваат вакцини, во САД веќе има голем број на случаи на заболени од болести кои порано биле спречувани со вакцини.Една од нив се и сипаниците кои кај децата можат да бидат и фатални.

-Ми требаат антибиотици

Многумина доаѓаат на лекар со барање за антибиотик бидејќи имале инфекција. Сепак, многу инфекции поминуваат без лекови а оние кои се вирусни никако не смеат да бидат третирани со антибиотик бидејќи можат да му наштетат на организмот.

-јадам помалку и вежбам, ама не слабеам

Не е реткост пациенти да одат кај лекар и за вакви работи. Но добиваат одговор дека не е важно колку калории ќе влезат во телото, туку какви се тие калории.

-Јадам само немасна храна

Но на организмот му се потребни и масти и не постои научен доказ дека тие се причината за дебелеење и срцев напад.

-Мора денес итно да ме примите

Една од иритирачките навики  на пациентите која ги излудува лекарите е кога звонат дека мора денес итно да бидат примени и прегледани бидејќи одат на пат. Најчесто бараат за  висок крвен притисок, болка во градите, итн, и тоа со барање да бидат примени во одредено време од денот кое ним им одговара. Но најчесто на прашањето од кога ги имаат симптомите одговорот е 4 до 7 дена.

-Ако вежбам можам да продолжам да пушам

Вистината е дека ниту една исхрана и зголемена физичка активност не може да ги неутрализирПушењето е многу штетно за телото, а не сама лошите ефекти од цигарите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.