Овие производи го чистат телото од отрови!

133

1. Лимон

Преполн со антиоксиданти и витамин Ц, што е супер за кожата и борбата против болестите кои ги предизвикуваат слободните радикали. Лимонот има и алкално својство на телото, што значи помага во регулирање на pH рамнотежата и зајакнување на имунолошкиот систем. Пробајте да го почнувате денот со топла вода и сок од половина лимон, за исфрлање на токсините и прочистување на дигестивниот систем.

2. Зелен листен зеленчук Кељ, марула, праз…

Хлорофилот од овој зеленчук му помага на телото во отстранување на токсините и е одличен помагател на црниот дроб.

3. Ѓумбир

Ја намалува надуеноста и гасовите. Делува како антиоксидант и добар е за јакнење на имунолошкиот систем.

4. Бел лук

Од дамна е познат по своите предности за срцето. Освен антивирусното, антибактериското и антибиотското дејство, ја содржи и хемиската состојка алицин, која го поттикнува создавањето на бели крвни зрнца и помага во борбата со токсините.

5. Артичока

Главата на артичоката е преполна со антиоксиданти и влакна, кои му помагаат на телото да ја свари храната. Таа е позната и по позитивното дејство врз црниот дроб.

6. Цвекло

За оние на кои им треба брзо зајакнување на организмот, во исхраната треба да го вклучите цвеклото. Преполно со магнезиум и витамин Ц, цвеклото е одлично за кожата, косата, холестеролот и помага во детоксификацијата на црниот дроб.

7. Зелен чај

Детоксификацијата не е целосна без редовна консумација на течности. Освен здравствените предности, зелениот чај може да ви помогне и за слабеење.

8. Зелка и брокули

Освен што зелка¬диетата беше доста популарна за слабеење, сулфоранот кој го содржат и зелката и брокулите, е одличен борец против токсините во телото.

9. Свежо овошје

Не треба посебно да се нагласува дека е полно со витамини, минерали, антиоксиданти, влакна.…

10. Кафен ориз

При детоксификацијата, потребно е да го намалите или целосно да го исфрлите внесувањето на преработена храна. Место неа, пробајте исхрана со поздрави цели житарици, како кафениот ориз, кој е добар за чистење на дебелото црево, го штити црниот дроб и ја подобрува кожата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.