Овие навики ве прават да се чувствувате уморно

Денот треба да започне со здрав појадок и мала физичка активност. Овој совет веќе толку пати сте го прочитале, што сигурно веќе ви е здодевен.

Но, токму ваквите очигледни „трикови“ се оние кои мораме да ги почитуваме, ако сакаме подолго време да ја задржиме енергијата и да не се чувствуваме уморно во текот на целиот ден.

Овие три навики пак, докажано ве прават поуморни:

Јадете премногу и нездраво

Ако храната е здрава и избалансирана, количината ќе нема толку големо влијание врз вас. Но, ако јадете многу нездрави масти и јаглехидрати, ќе забележите дека за кратко време ја губите енергијата. Обидете се да балансирате со здрави протеини и овошје и зеленчук, а да им одолеете на десертите и грицките, особено на брзата храна.

Не се движите доволно

Секој ден треба да одвоите време за физичка активност. Дури и пешачењето се важи како физичка активност, затоа ако релацијата не е долга, не се двоумете да одите пешки, наместо да земете такси или да отидете со автомобил. На телото му е потребно движење за да може нормално да функционира.

Премалку спиете

Дури и советот да спиете 6-8 часа не е клише. На телото му е потребно спиење за да си ја обнови потрошената енергија. Воспоставете континуирана вечерна рутина за да ви стане навика, било да е тоа пиење чај или читање книга или пак, активност која нема да ве рассони.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.