Овие лоши навики се добри за здравјето!

Од рана возраст децата учат како да ги избегнат лошите навики кои не се во согласност со бонтонот. Грицкање на нокти, плукање, ждригање и испуштање на гасови не е убаво да се види, слушне или помириса. Но, понекогаш овие навики може да бидат и корисни за здравјето, сметаат екпсерти. Според имунолозите, освен во случаи на многу валкани раце, грицкањето на ноктите може да има позитивни ефекти врз имунолошкиот систем. Бактериите под површината и околу ноктите го прават телото поотпорно на болести. Грицкањето нокти овозможува редовна изложеност на мали количини на патогени бактерии на кои имунолошкиот систем произведува антитела, пренесува Daily Mail.

Ждригањето може да го заштити телото од вишокот киселина во стомакот. Воздржувањето може да предизвика штета на хранопороводот и дијафрагмата и да предизвика сериозни болки во градите, сметаат научниците. Испуштањето на гасови е природен феномен што се случува со причина. Зголемената количина од гас во цревата настанува со ферментација на протеини и јаглехидрати. нивното испуштање ја олеснува абдоменалната подуеност и болка во цревата и помага при забрзување на дигестивниот процес. Задржувањето на гасовите според експертите може да предизвика голема болка.
Јадењето во кревет може да го стимулира варењето на храната. Стресот и надворешните влијанија може да го блокираат варењето а бавното јадење во кревет доведува до релаксација и е ефикасен лек за запек. Но, мора да седат потпрени на перницата ,а не да лежат. Плукањето иако важи за груба и грда навика, спортски лекари велат дека може да го олесни тешкото дишење. При физички напор и стресни ситуации лицата често дишаат преку уста. Во тие случаи при плукање доаѓа до влажнење на грлото и се спречува негово воспалување и иритација.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.