Овие лесни трикови ќе ви помогнат косата да ви биде со поголем волумен

55

Коса со волумен, раскошна и прекрасна е сон на секоја девојка. Постојат неколку едноставни трикови што сè уште можат да ни го дадат волуменот што го посакуваме. Со овие неколку едноставни чекори, ќе го зголемите обемот на косата и ќе заблескате и едноставно ќе го пребродите овој есенски период, кога многумина од нас се измачуваат од безживотна коса, без волумен.

-Кога нанесувате шампон, масирајте го темето на главата. Кога сте на фризер, сигурно уживате во кратката масажа на скалпот. Применете го овој мал трик и дома секој пат кога ќе ја миете косата бидејќи ја подобрува циркулацијата, што ја прави вашата коса погуста и поцврста.

-Бидете внимателни со вашата коса додека е мокра. Мократа коса е многу поосетлива од сувата, затоа внимавајте додека ја сушите, не ја тријте грубо со пешкирот и внимателно нежно чешлајте ја.

-Избегнувајте топла вода. Најдобро е вашата коса да ја измиете со млака вода. Топлата вода го суши скалпот и го оштетува коренот и квалитетот на косата.

-Користете соодветен балсам. Користењето на балсам ќе ја направи вашата коса помека, свиленкаста и повеќе бујна. Ако сакате волумен, не го прескокнувајте овој чекор кога ја миете косата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.