Овие дејства на парацеталомот не сте ги знаеле!
Покрај тоа што ја ублажува болката, парацетамолот нe спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања.
Имено, научниците сметаат дека замајувањето на делот од мозокот задолжен за чувствување на болка го отежнува сочувствувањето со болката на другите.
Со оглед на претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот го отапува чувството на радост, има уште многу што да се научи за него, велат експертите од Државниот универзитет во Охајо.
„Ацетаминофенот“ (американското име за „парацетамол“) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емпатијата е важна. Ако се искарате со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле „ацетаминофен“, вашата способност да сфатите зошто сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail.
Ова не е единствениот изненадувачки ефект на парацетамолот. Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешки одлуки.
Парацетамолот може да ја ублажи и болката поради големите суми на потрошена готовина, покажуваат истражувањата. „Супресантот на физичката болка може да ја намали т.н. „болка поради плаќање“, за која зборуваме во случаи кога луѓето трпат поголема психолошка болка кога ќе потрошат готовина отколку кога ќе ја повлечат кредитната картичка низ апаратот.“