Оваа храна ги намалува мастите во организмот!

Цимет

Шеќерот му ја обезбедува на организмот потребната енергија, но ние не го искористуваме целиот шеќер што го внесуваме, вишокот се складира во телото како масти. Циметот помага побрзо и подобро да се разгради вишокот шеќер во телото, а со тоа спречува негово акумулирање во форма на масти.

Кромид и лук

Кромидот и лукот се познати борци против многу „штетници“ на човечкото здравје, а меѓу сите, и против вишокот масти. Борејќи се против мастите и запушувањето на артериите, кромидот и лукот ги спречуваат срцевите заболувања.

Зеленолистест зеленчук

Сите зеленолисни зеленчуци се богат извор на хранливи состојки. Тие позитивно влијаат на имунскиот систем и на тој начин помагаат организмот да се заштити од заболувања, кардиоваскуларни болести, создавање на канцерогени клетки и акумулирање на вишок масти во телото. Овој зеленчук во целина го подобрува метаболизмот.

Грав

Гравот содржи диетални влакна кои се добри за општото здравје, особено делувајќи преку дигестивниот систем како чистач. Помагаат и да се стабилизира крвниот шеќер, мастите, крвниот притисок и поврзаните болести.

Луто црвено пиперче

Лутото црвено пиперче го подобрува метаболизмот и на тој начин го одржува на нормално ниво шеќерот во крвта. Вклучете го во мали количини во секојдневната исхрана.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.