Ова се најголемите митови за комарците!

Дека сите комарци се исти е само мит. Различни видови на комарци живеат во различни делови на светот и сакаат различни видови храна. Значи пренесуваат и различни болести велат од американскиот центар за контрола на болести и превенција.
-Мит е дека сите комарци пренесуваат болести. Во светот постојат повеќе од 3000 видови на комарци, но од медицински аспект важни се само неколку од нив бидејќи повеќето не касаат луѓе туку водоземци и влекачи. Меѓу опасните видови е Culex кои го пренесуваат вирусот на западнонилска треска. Но спроед експертите, тоа не значи дека и другите типови не можат да пренесат вируси.
-Мит е дека сува зима значи помалку опасни комарци во лето. Сушниот период е идеален за пренесувањ ена болести. Има се помалку вода која е концентрирана на едно место, загадена и богата со органски соединенија ги привлекува комарците кои пренесуваат болести. Исто така, недостатокот на вода значи дека комарците и птиците се принудени заедно да го споделат изворот на храна, со што се зголемува ризикот од ширење на вируси.
-Мит е дека комарците сакаат луѓе со слатка крв. Иако некои комарци повеќе касаат еден вид на луѓе од друг, тоа нема врска со нивото на шеќер в окрвта, цветните ароми или други мириси. Сите комарци ги привлекува јаглерод диоксид, млечна киселина, како и одредени видови на бактерии кои кај некои луѓе се присутни во повисоки концентрации. Меѓутоа, различни видови на комарци ги привлекуваат различни концентрации од овие супстанции. Некои лица се поатрактивни од другите, некои повеќе издишуваат јаглероден диоксид, некои повеќе се потат. Секој може да биде магнет за комарци, особено по напорно вежбање. Комбинација на пот, јаглерод диоксид и млечна киселина е неодолива за комарците.
-Мит е исто така дека лукот ги брка комарците. Лукот е еден од најпопуларните лекови во борбата против комарци и така некои луѓе го јадат или пак пијат во таблетарна форма. Сепак, не постои научен доказ дека на комарците не им се допаѓа мирисот на лукот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.