Ова се најчестите причинители на канцер

Обемно истражување

Над 40% од случаите на карцином и исто толку смртни случаи од оваа болест би можеле да се избегнат или намалат кога би се променил начинот на живот, би се намалило пушењето и ако се внесува повеќе овошје и зеленчук, пренесува медицинскиот магазин „CA: A Cancer Journal for Clinicians“.

Поради недоволна козумација на овошје и зеленчук, ракот може да се развие кај 1,9 проценти од населението и да резултира со смрт кај 2,7 проценти, додека инфекција на папилома вирусот резултира со развој на рак кај 1,8 проценти од случаите, додека смртноста изнесува 1,1 отсто.

Најмногу заболени и последично починати од карцином се оние кои се поврзуваат со пушењето, дури 19 посто. Дебелината е на второ место, кај која 7,8 од случаите резултираат со развој на карцином. На трето место е алкохолизмот, кој влијае на развој на рак кај 5,6 отсто од случаите. На четврто место е претерано изложување на ултравиолетови зраци, и влијае на развојот на рак кај 4,7 отсто од случаите.

Пациентите најчесто заболуваат од рак на бели доробови, а кај 81,7 посто од случаите, причината е пушење. Што се однесува до дебелината, таа е поврзана со 60,3 отсто од случаите на рак на грлото на матка, третина од сите случаи на карцином на црниот дроб и 11,3 посто на дојка, како и 5,2 отсто од случаите на рак на дебело црево.

Алкохолот е одговорен за речиси половина од случаите на рак на усни и хранопроводникот кај мажи, односно четвртина кај жени. Речиси 25% од случаите на рак на црниот дроб кај мажи и 11,9 посто кај жени се поврзува со внесот на алкохол. Кај жената тоа може да биде во 16,4 отсто од случаите да влијае на рак на дојка.

Што се однесува до ултравиолетовите зраци, тие се одговорни за 96 отсто од случаите на настанување меланом кај мажите и 93,7 отсто кај жените.

Коментари

коментари