Ова е спас за пролетниот замор!

359

Ако чувствувате пролетен замор, малаксаност и недостиг на енергија, сокот од портокал и ленено масло ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата. Едноставните шеќери кои нагло ги внесуваме во организмот со консумирањето на слатки се брзо решение за кревање на енергијата кое трае помеѓу 15 и 40 минути.

Долготрајното влијание ќе ви пружи токму портокалот во комбинација со лененото масло. Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е тука да го забави излегувањето на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин осигурува рамномерно создавање енергија во траење од неколку часови.

Тоа не е единствената предност на користењето на овој здрав производ. Исто така, ќе ви помогне во превенцијата од кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажале дека редовното користење ленено масло го намалува зголемениот крвен притисок.

Нутриционистите препорачуваат да се користи како додаток на исхраната, но без термичка обработка, бидејќи варењето на висока температура ќе ги уништи здравите маснотии во маслото. Затоа, додадете го во готовите јадења, сосовите, преливите, салатите и супите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.