Ова е наједноставниот лек за воспаление на грлото како и отечени и болни крајници

Есенскиот и зимскиот период се најповолни за здравствени проблеми, луѓето постојано се мачат со некакви настинки, воспаление на грлото, крајниците.

Но, овој рецепт од руската традиционална медицина е одличен за лечење на воспаление на грлото како и отечени и болни крајници, а истиот многу едноставно се прави.

За подготовка се потребни само 1 поголемо цвекло и алкохолен оцет (9%).

Природниот лек се подготвува на следниот начин:

– Изрендајте го цвеклото на ситно. На околу 250 грама изрендано цвекло додадете една лажица од оцетот (на 500 грама изрендано цвекло – 2 лажици оцет).

– Помешајте ги убаво состојките за да се соединат, а потоа оставете ги да отстојат 15-20 минути.

– Смесата добро исцедете ја низ газа или пак пластична цедилка. Остатокот од цвеклото фрлете го во корпа за отпадоци.

Начин на употреба:

Мијте го вашето грло на секои 2-3 часа во текот на денот (можете и да ја голтнете течноста за подобар ефект), а резултатите нема да изостават.

Инаку, на овој начин цвеклото успешно го лечи хроничното воспаление на грлото како и гнојната ангина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.