Ова е лекот против стрес!
Краткорочната медитација во истражување на американски научници е поврзана со намалување на стресот кај 66 испитаници. Истражувачите од Карнеги Мелон Универзитетот ги следеле резултатите од 25-минутната медитација кај испитаници на возраст од 18 до 30 години. Позитивниот ефект на медитација бил присутен веќе по три дена. Инаку, присуството на стрес кај испитаниците го набљудувале со мерење на нивото на хормонот на стрес – кортизол. За олеснување на стресот се применува техниката будење момент – терапија која ги има своите корени од будистичката медитација.