Откријте дали можеби имате Хепатит Ц – Во Рамстор Мол за два часа од 38 тестирани, тројца позитивни!

Акција за бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц ќе се одржи денеска од 9:30 до 12 часот во ТЦ Рамстор мол во Скопје, по повод Светскиот ден за борба против хепатит, а во организација на Хепар Центар Битола.

Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против Хепатитот Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат, може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.

Хепар Центар Битола е дел од глобалното движење NOhep, под покровителство на Светската здравствена организација и светската алијанса за борба против хепатитот. Годинешната кампања на Хепар Центар Битола е поддржана од многу јавни личности, како што се групата Нокаут, Кире Лазаров, Влатко Илиевски, Биба Додева, Виолета Томовска, Катерина Ивановска, Митко С. Апостоловски и Гаро Тавитјан.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.