Откриен трет тип на дијабетес!

Медицината препознава два типа на дијабетес, тип 1 и тип 2, но некои лекари тврдат дека постои и трет тип, наречен 3Ц.

Дијабетес тип 1 е појава кога имунолошкиот систем го спречува создавањето на инсулин во панкреасот, додека тип 2 е кога панкреасот не создава доволно инсулин за да ги задоволи барањата на организмот.

Дијабетес тип 3Ц е последица на воспаленија на панкреасот или тумор и при ваков случај органот произведува помалку инсулин, но исто така и се намалува нивото на другите ензими и хормони коишто потекнуваат од него.

Лекарите кај пациенти препознале симптоми поразлични од досега позантите типови на ова заболување. При терапија, потребно е да се зема инсулин, но и дополнителни дигестивни ензими во вид на додаток во исхраната.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.