Откажете се од овие две навики и нема да се дебелеете

173

Според резултатите на државниот универзитет во Охајо, поважен е составот на оброците, отколку тоа колку често јадете.

На овој универзитет е истражувана поврзаноста на прехранбените навики и слабеењето на повеќе од 12.800 испитаници.

Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците кои не гледале телевизија додека јаделе имале 37% помала шанса да бидат дебели или да се здебелат, за разлика од оние кои гледале телевизија.

Понатаму, луѓето кои секојдневно готват дома имаат 26% помал ризик да се здебелат од оние кои јадат надвор.

Ова истражување сугерира дека најважно е да направите две промени додека јадете за да ослабете. Тоа е да престанете да гледате телевизија, односно да јадете заедно со целото семејство на трпезариска маса и да готвите дома, наместо да нарачувате храна или да купувате зготвена некаде надвор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.