Отишол да плива, а потоа започнала ноќната мора!

Морале да му ја ампутираат ногата поради мала исекотина на стапалото

Брус Каган (68), се здобил со исекотини на десното стапало, кога во јуни отишол на пливање на плажа во Конектикат.

Неколку денови подоцна почнал да се чувствува лошо, па отишол во болница. Докторите му рекле дека добил некротизирачки фасцитис – често смртоносна бактерија која го јаде човековото ткиво. После неколку недели обидување да се запре бактеријата, докторите морале да му ја ампунтираат ногата до над коленото, за да му го спасат животот. Тоа се случило на 1-ви август.

„Тоа беше само мала исекотина, ништо повеќе, а потоа мојот живот во целост се промени“, вели Каган.

Оваа бактерија некогаш била честа во топлите води во јужниот дел на САД. Но, како што се менува климата, овие бактерии сè повеќе се наоѓаат во северното поднебје на САД.

Каган, кој сега се опоравува во центарот за рехабилитација, вели дека е среќен што е жив.

„Сe’ што можам да кажам е дека сум еден од најсреќните луѓе на светот. Не знам како преживеав, но преживеав. Ми останаа уште 20-25 години живот и планирам да ги искористам на најубав можен начин“, вели Брус Каган.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.