Околу 10% од населението во Македонија има дијабетес

215

Под мотото „Жените и дијабетесот – нашето право на здрава иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот.

По тој повод, Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија организира настан на кој ќе се обрати претседателот на Сојузот, Бојан Киров. Најавени се и обраќања на директорката на Клиниката за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска, на д-р Ирфан Ахмети од Националната комисија за дијабетес и на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Во Македонија има околу 200 илјади лица кои боледуваат од дијабетес или шеќерна болест. Од нив, 400 до 500 се деца. Секој ден се откриваат нови случаи на заболени од оваа болест, велат од Сојузот на дијабетичари. Процентуално, произлегува дека во Македонија околу 10% од населението боледува од дијабетес.

Околу 40 илјади лица во земјата добиваат инсулинска терапија и повремено се соочуваат со недостиг на овој лек. Кризата со недостигот на инсулин секогаш е присутна, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Според Сојузот на здруженија на дијабетичари, вознемирувачки е тоа што секој ден од оваа болест се повеќе заболуваат младите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.