Официјално, во Македонија лани 80 со хепатит Ц и 185 со хепатит Б – Неофицијално, бројката е многу поголема

154

Преваленцата за хепатитис е околу 1,5 отсто од вкупниот број на населението и многу е битно и општата популација да се тестира, а не само ризичните групи кои се опфатени редовно во тестирањето, истакна денеска претседателот на Здружението „Сочувај лекувај Асоцијација на пациенти со заболувања на црниот дроб – СЛАП“, Билјана Мирческа.

На прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитисот, што ја организираше Здружението, таа посочи дека борбата против хепатитисот е многу важна, затоа што во Република Mакедонија е многу ниско нивото на свеста кај општата популација. Нагласи дека поради тоа во рамки на оваа кампања организираат бесплатно тестирање во текот на еден месец во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Охрид, Куманово и Тетово.

– Според официјалните бројки од Институтот за јавно здравје, во 2015 година пријавени се 80 случаи со хепатитис Ц и 185 со хепатитис Б. Овие бројки се далеку од реалните според испитувањата на терен, додаде Мирческа.

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски истакна дека како Министерство за здравство се отворени за соработка со сите невладини организации и здруженија на пациенти кои водат сметка за здравјето на граѓаните особено на пациентите со овие болести.

Претседателот на Здружението за семејна и општа медицина, Катерина Ковачевиќ рече дека улогата на семејниот лекар во справување со оваа вирусна инфекција е голема.

Семејниот лекар, појасни, е тој кој што прв стапува во контакт со својот пациент и има улога да прави едукација, превенција, рана детекција, навремено упатување со цел рано почнување со терапија и превенција од компликациите кои таа ги носи.

– Како здружение очекуваме дека ќе можеме да дадеме свој придонес, семејните лекари заедно со сите лекари од секундарно и терциерно ниво во спроведување на Националната стратегија која Министерството веќе ја најави и да помогнеме сите заедно со невладините организации и да придонесеме за подобро здравје и здравствена грижа за пациентите, додаде Ковачевиќ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.