Официјално назначени нови директори на кардиологија, очната клиника и стоматолошки клинички центар
Министерството за здравство информира дека се именувани в.д. директори на следните јавни здравствени установи:
– Во Универзитетска клиника за кардиологија за в.д медицински директор се именува д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста, кој е разрешен од оваа функција.
– Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор се именува д-р Христиан Дума, на местото на д-р Беким Татеши.
– Во Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“-Скопје за в.д медицински директор се именува д-р Амела Цана, на местотот на д-р Агим Караи.