Од желудникот на 74 годишна баба и извадиле 152 метални предмети!
Од желудникот на пензионерка од Русија хирурзите извадиле над 150 ексери, навртки и завртки. Жената има 74 години и во болницата ја донеле други проблеми (кардио васкуларните), но дополнителните испитувања откриле застрашувачки работи.
Пензионерката во центарот за кардио-васкуларни болести пристигнала кон почетокот на декември, се наведува на сајтот на оваа медицинска установа. И била пружена сета потребна помош и нејзината состојба по лекувањето е стабилна, останале непознати причините за покачената телесна температура. Тогаш и била направена гастроскопија, за да се провери можна анемија.
Лекарката Ирина Голишева, која ја обавувала процедурата утврдила дека грлото и јајникот на пцаиентката се во идеална состојба, а потоа ендоскопот открил неочекувана содржина на желудникот. Во него имала огромна количина туѓи тела. По детално прегледување лекарката утврдила дека се работи за ексери и штрафови. Се обидела со помош на ендоскоп да ги извади, но успелаа да извлече само четири ексери. Не сакала жената да ја изложува на поголем ризик и итно ги повикала хирурзите на консултации.
Рендгенското испитување на стомачната празнина покажало дека страните објекти можат да предизвикаат оштетување на ѕидовите на желудникот и затоа хорурзите препорачале итна операција по целосна анестезија.
Меѓу отстранетите страни тела имало долги ексери, големи штрафови, навртки, завртки, рез за врата, делови од арматура долги 15 сантиметри, па дури и сребрено синџирче.
На крајот од желудникот на жената биле извадени 152 метални предмети кои веќе започнале да оксидираат, а никој освен неа не можел да каже колку долго истите во неа се наоѓале.
По операцијата пациентката е сместена на одделението за реанимација и моментално нејзината состојба е стабилна.
Пациентката не може да бојасни како овој метал завршил во нејзиниот стомак, затоа што по мозочниот удар делумно ја загубила способноста за оговр.
Според зборовите на членовите на нејзиното семејство, тие ништо не забележале, но рекле дека пати од психичко пореметување.