Од утре нема бесплатен автобуски превоз во Скопје – Се укинуваат мерките против загадувањето!
Од утре нема бесплатен автобуски превоз во Скопје, а се и укимуваат и мерките против загадувањето.
-Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни концентрации над 200 g/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 g/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре четврток 11.01.2018 година мерките престануваат да важат, се вели во соопштението од министерството за животна средина.