Од прерано починатиот д-р Нешковски се прости и министерот Филипче: Засекогаш ќе бидам горд на мојот колега

Министерот за здравство, Венко Филипче, со емотивен статус на Фејсбук се прости од неговиот млад колега, д-р. Трајче Нешковски, кој вчера попладне трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје, откако во неговиот автомобил доживеал срцев удар.

-Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја, напиша министерот Филипче.

Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини,…

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 14. Oktober 2020

32-годишниот, д-р. Нешковски, чиј живот заврши прерано, беше специјалист интернист на Клиниката за пулмоалергологија, а во последните неколку месеци раководеше со тимот во Ковид-центарот Козле.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.