Од Ковид-19 почина 36-годишна жена во тетовската болница

Десет пациенти починаа од Ковид-19 во тетовската болница меѓу кои и триесет и шестгодишна жена, дознава Слободен печат.

– Ниеден од починатите не бил вакциниран и сите биле со коморбидитети, односно придружни болести. Нема подобрување, многу пациенти бараат прием и преглед. Имаме 120 хоспитализирани, со прва доза се вакцинирани девет, а со втора три пациенти. Починати за жал имавме многу, десетмина и сите невакцинирани и со пропратни болести. Почина жена која беше донесена во многу тешка состојба при прием и почина во текот на приемот. Тоа е многу млада жена, под 40 години, истакна раководителот на ковид-одделението доктор Гзим Нуредини.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.