Од кои болести најчесто умираат македонските граѓани?

849

Инфаркт, мозочен удар и рак се најчестите причини за смрт во Македонија. Од 10 лица дури 8 починале од овие три болести. На врвот на табелата се и последици дијабетес и респираторни заболувања.
Според статистиката на ИЈЗ од околу 19.000 смртни случаи годишно дури во 58 проценти се причина е срцев и мозочен удар, а 18 отсто е поради малигни заболувања.
Експертите велат дека овој тренд е ист и во регионот, но е поразличен во развиените Европски држави.
-Нашите бројки се многу полоши од просеците во ЕУ, зборувам за просеците генерално. Има земји кои се релативно полоши, но има и земји кои се подобри во однос на бројките. Во однос на регионот сме тука исто, значи бројките во регионот се исти и во Р. Македонија, изјави д-р Игор Спироски, од Институтот за јавно здравје.
Доктор Спироски вели дека има два вида на фактори за подобрување на состојбата. На едните кои се однесуваат на возраста и полот не можеме да влијаеме, но можеме да го промениме стилот на живот.
-Дали ќе пушиме, дали ќе пиеме, дали ќе бидеме физички активни, начинот на исхрана дали ќе го подобриме, тоа всушност е најважно. Доколку ги подобриме овие навики ќе ја подобриме и генералната состојба, додаде д-р Спироски.
Токму високиот процент на пушачи, лошата исхрана и слабата физичката активност се и најчестите причини за смртност во Македонија, но и во регионот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.