Од болести на срцето и крвните садови во Србија секој ден умираат по 147 луѓе

Од болести на срцето и крвните садови во Србија секој ден умираат по 147 луѓе, а само лани крадиоваскулартните болести биле причина за смрт на 53.668 луѓе, јави Танјуг.

На секој час, од таков вид болести, животот го губат по шест луѓе. Таа неславна статистика е причина Србија да биде на третото место во светот по број на починати од тој вид болести, веднаш по Русија и Украина.

– Од кардиоиваскуларни болести во Србија дбевно умираат по 147 луѓе, што на годишно ниво е повеќе од 53.000 смртни исходи, вели за Танјуг, Верица Јовановиќ, директорка на Институтот за јавно здравје на Србија.

Во светот, од кардиоваскуларни болести дневно умираат околу 47.000 луѓе, што е околу 17,5 милиони смртни случаи на годишно ниво.

Светскиот Ден на срцето оваа година се одбележува на 29 септември. (МИА)

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.