Очите можат да откријат болести на мозокот!

400

Симптоми кои можат да поминат незабележано и да станат видливи во доцна фаза на болеста на мозокот, можат да се откријат само со снимање на окото. Ова е дел од последното истражување на оваа тема објавено и во научно списание според кое малите крвни садови зад очите може да откријат многу за здравјето на мозокот.

Научниците дошле до откритие дека луѓето чии вени се пошироки имаат помал коефициент на интелегенција во средна возраст. Според научниците, други фактори како што се пушењето, дијабетесот и социоекономскиот статус не се одговорни за овие резултати.
Крвните садови во очите можат да ја покажат и состојбата на крвните садови во мозокот, бидејќи се слични по големина, структура и функција. Крвните садови на окото се развиваат од истата ќелија во која се развиваат и крвните садови во мозокот.
Претходни истражувања ја поврзувале големината на крвните садови во очите со ризик од болести како деменција, срцеви заболувања и мозочен удар.
Во новите истражувања интересно е што здравјето на мозокот може да се процени со помош на овој метод во многу порана фаза а резултатите се видливи и кај децата.
Снимањето на очите може да биде наједноставен начин за следење на здравјето на мозокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.