Обвинителството се вклучи во истрагата за смртта на родилката од Кичево – Ќе има ли кривична одговорност?

Основното јавно обвинителство ќе го расветлува случајот на 31 годишната родилка од Кичево  која почина при породување со царски рез во  приватната болница Моја Болница(Санте Плус) .  Обвинителството во моментот прибира докази  по што ќе следи одлука дали ќе има кривична одговорност.

„По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија ќе биде донесена јавно обвинителска одлука“, стои во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Родилката почина пред две недели кога за време на породувањето, според објаснувањето од Санте Плус  добила силна реакција од анестезијата. и покрај двајцата анестезиолози од Карил и лекарите од приватната болница, не успеале да го спасат животот на родилката а бебето го спасиле но итно бил опренесено на Детска клиника. Сега, според педијатрите е во подобрена состојба и не е на респиратор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.