Нуредини: Пожарот траел од 3 до 5 минути, за тоа време спасени се само 12 пациенти

24

Сите 12 пациенти се во релативно добра здравствена состојба, немаат никакви кожни проблеми од пожарот. Лицата кои починаа имаа изгореници од прв степен и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши идентификацијата на лицата, рече утрово координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини.

Докторот објасни дека пожарот траел само три минути.

-Пожарот траел од три до 5 минути, за тоа време спасени се само 12 пациенти вели Нуредини.

Тој појасни дека во моментот на несреќата лицата кои биле спасени и однесени на интерното одделение во болницата биле во подобра состојба и дека во моментов во Тетово бројот на заболени се намалува.

Во моментов има 57 хоспитализирани, 36 лица вчера беа прегледани и имаме еден починат, изјави Нуредини.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.