Ново откритие за љубителите на помфритот!

Група холандски професори и студенти развија прототип машини кои ќе служат свеж пржен помфрит, јави Хина.

Автомати од каде можете да купите топли и ладни пијалоци, сендвичи, слатки и грицки, широко се распространети, но ова е прв апарат во светот кој подготвува помфрит.

Тoj e дело на грипа професори и студенти од Универзитетот Вгенинген во Холандија. Автоматот е мултифункционален, па покрај помфрит може да се нарачаат и кафе и други продукти. – Ние се обидовме да направиме идеален спој која ќе ги исполни сите барања: помфритот мора да биде добар, не смее да има лош мирис и се мора да биде здрвствено сигурно, изјави за холандската телевизија еден од раководителите на проектот Бастијан Роест, додавајќи дека нивниот автомат успеал каде другите не, бидејќи е многу сложен.

Помфритот се чува замрзнат на 18 степени Целзиусови, а се пржи на 180 степени. Процесот на подготовка почнува дури кога корисникот ќе внесе монета во апаратот и тој трае две минути. Во понудата има сос, кечап или мајонез. Прототипот од засега единствениот функционален апарат се наоѓа во кафитеријата на факултетот во Вагенинген, а пронаоѓачите не би имале ништо против некој да им понуди развој за поширока комерцијална потреба.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.