Новини на Пулмологија – Едношалтерски систем, реорганизација и нов апарат за пациентите

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, денеска, ја посети Клиниката за пулмологи и алергологија во Скопје, каде заедно со директорот на клиниката, д-р Дејан Докиќ се одржа прес конференција на која беше информирано за повеќе технички и организациски промени, направени во оваа здравствена установа во изминатиот период, со кои во голема мера се поедностави пристапот на пациентите до здравствените услуги.

  • Тука сме за да ве информираме вас и јавноста, за одредени промени кои ги направивме во изминатиов период, а со кои го олеснивме патот на пациентите во нашата клиника. Да потенцирам дека со неколку навидум едноставни промени, пациентите полесно стигнуваат до потребната медицинска услуга. А истите подразбираат и зголемување на хигиената, и намалување на можноста од појава на инфекции, информираше директорот, д-р Дејан Докиќ.
  • Тој, меѓу другото информираше дека е воведен едношалтерски систем, со што пациентите не мора повеќе да прашуваат и да бараат (наместо досегашните повеќе разместени на различно место во клиниката). Реорганизирано е работното време на персоналот и на тој начин докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал се постојано достапни за пациентите. Воедно, на влезот на клиниката е поставивена електронска сигнализација. На истата пациентите го притискаат копчето за саканата услуга (интервенција), добиваат број, чекаат да се појави нивниот број на екранот и влегуваат во собата за интервенции. На овој начин се избегнува гужвата и турканиците.   Исто така е воспоставен систем за информирање на пациентите во амбулантите и креирана е листа со распоред на сите лица што примаат терапија во дневна болница и секој пациент доаѓа во определеното време за него. Посебно значајно е што Клиниката за пулмологија и алергологија доби уште еден бронхоскоп, бидејчи на Пулмологија се изведуваат 70 проценти од сите бронхоскопии во државата..

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.