Нови случаи со симптоми на труење во Гостивар!

153

Околу 60 нови случаи со симптоми на труење  биле пријавени синоќа во болницата во Гостивар. Од министерството за здравство ја потврдуваат бројката и велат дека се уште се прават испитувања за можните  причинители за ваквата состојба. Здравствените власти уште еднаш потенцираат дека храната дефинитивно не е извор на труење, бидејќи според епидемиолошките и другите спроведени мерки, луѓето не конзумирале храна од исто место.

Во последните три дена  околу 400 луѓе  побарале помош во гостивaрска болница, со стомачни болки, дијареја и повраќање. Само во текот на вчерашниот ден 110 пациенти со истите симптоми побарале лекарска помош.

Од Центарот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот Центар за јавно здравје, доколку има потреба Инспекторатот ќе издаде решение со конкретни мерки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.