Новак Ѓоковиќ страда од сериозно пореметување!?

Познатиот швајцарски нутриционист Јург Хошли, кој има институт за нтурионистички дијагнози, тврди дека срспкиот тенисер Новак Ѓоковиќ е болен и под итно мора да го смени начинот на исхрана.

„Се сеќавам колку му се восхитував гледајќи го на теренот. Потоа слушнав за неговиот план да ја промени исхраната и веднаш се запрашав колку ќе издржи. И еве, веќе сите ги гледаме последиците. Тој боледува од орторексија, која се појавува поради наизглед здравата исхраната. Поради тоа Новак не е свесен какви последници диетата која ја спроведуваше носи за него“, тврди Јург.

Швајцарецот потоа детално зборуваше за дијагнозата.

„Ѓоковиќ беше на диета која подразбира избегнување на шеќери, но колку и тоа да делуваше добро, долгорочно е штетно за организмот. Со текот на времето спортистот чуствува замор се развиваат воспалувања, алергии, а паѓа и имунитетот…Не знам какви се неговите нуспојави, но луѓето кој е со соочуваат со ваквата болест повеќе се подложни на стрес и помалку спијат, а подоцна ќе можат да спијат само со помош на лекови. Може да доведе и до губење на поврзаноста со пријателите, паѓање во депресија и црни мисли“, објасни Хошли.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.