Нова вакцина против маларија ќе биде употребена во Африка
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека новата вакцина против маларија ќе биде употребена во големи количини во Кенија, Гана и Малави, а планирано е меѓу 2018 и 2020 година да бидат вакцинирани 360.000 деца.
Вакцината би можела да даде органичена заштита против маларија.
Од оваа болест минатата година во светот починаа 492.000 луѓе, од кои 92 отсто од Африка, а две третини од жртвите се деца под пет години.