Нов тест за рана детекција на Aлцхајмеровата болест
Создаден е нов текст кој може да го детектира таложењето на бета-амилоиди во мозокот, што предизвикува наслаги кои го карактеризираат развивањето на Алцхајмеровата болест. Досега, следењето на состојбата на овие наслаги било возможно само преку ПЕТ-скен (позитронска емисиона томографија), третман кој е скап и не е на располагање во секоја болница, или преку инвазивни процедури врзани со ‘рбетот кои не можат да ги изведат сите доктори.
Во оваа нова студија, истражувачите развиле едноставен тест на крв кој можат да го користат сите – од општите лекари, до сестрите во клиниките. Тестот би можел да идентификува илјадници пациенти со ризик за Алцхајмеровата болест, овозможувајќи им да започнат третмани пред да се појават оштетувањата на мозокот и неповратниот губиток на меморија. Со овој тест, проверката би била подеднакво брза како и проверката на холестерол или шеќер во крвта.
Тестот е развиен да ги мери релативните количини на различни видови на бета-амилоиди, бидејќи нивниот сооднос во крвта кореспондира со нивната количина наталожена во мозокот.
Иако сè уште не постојат третмани за Алцхајмеровата болест кои целосно ја искоренуваат, постојат онакви кои ги елиминираат некои од симптомите, или пак го забавуваат прогресот на болеста. Меѓутоа, најважен начин со кој што моментално може да се бориме против болеста е преку нејзината превенција. Научниците студираат зошто некои мозоци се повеќе отпорни на неа од другите, а доказите покажуваат дека животниот стил кој вклучува здрава исхрана и вежбање може да го редуцира ризикот од болеста дури и за 30%, а раната детекција со тест на крвта овие интервенции во животниот стил би ги направило многу поефектни.
Наслагите од бета-амилоидите почнуваат да се таложат 15 до 20 години пред личноста да почне да ги покажува симптомите од Алцхајмеровата болест – позитивните тест резултати не гарантираат дека пациентот би ја развил болеста, но би сигнализирале можен ризик кој би можел да се спречи или барем намали со менување на исхраната, зголемување на физичката активност, и сл.