Носот ви тече а не сте настинати?
Доктор Дејвид Кинг, професор од Универзитетот Квинсленд објаснува дека ниските температури активираат природен механизам, чија цел е да го загрее и да го навлажни воздухот кој го вдишуваме пред тој да стигне до белите дробови, за притоа да не дојде до иритација на клетките.
„Кога дишеме на нос, а дневната температура се движи под нулата, воздухот на излегување од носниот канал на пат кон белите дробови најчесто достигнува температура од 26 степени, а понекогаш и до 30. Влажноста во тој момент е веќе околу сто отсто, без разлика на тоа колку е влажен воздухот кој го вдишуваме. Тоа докажува во која мерка носот гарантира дека воздухот кој го вдишуваме ќе стигне топол и влажен до белите дробови“, објаснува тој.
Ладниот и сув воздух ги стимулира нервните завршетоци во носот кои му испраќаат порака на мозокот, а тој важен орган на пораката реагира на начин што ја зајакнува циркулацијата во носот.
Реакцијата на носот на ладни температури, е делумно рефлексна реакција на нерви.
Притоа проширените крвни садови го загреваат воздухот кој поминува преку нив на пат кон белите дробови.
Доктор Кинг истакнува дека течењето на носот е природна физиолошка појава, односно вели дека засиленото лачење на течност е неопходно за да се подобри влажноста и прочистувањето на воздухот во ладно опкружување.