Ноќната кашлица смирете ја со лажица мед!

Лажица мед може да ја ублажи ноќната кашлица и да им помогне на децата, а и на родителите, полесно да спијат, покажа едно најново истражување во кое беа опфатени 105 деца со кашлица предизвикана од настинка.

Децата биле поделени во три групи од кои едната добивала сируп за кашлица, втората мед, а третата ништо. Се покажало дека медот е најдобро решение.

„Резултатите беа толку убедливи што можеме да кажеме дека медот е подобар отколку да не се дава никаков лек, и дека состојката дектрометорфан во сирипот не е добра, вели доктор Ијан М. Пол од Универзитетот Херши во Пенсилванија.

„Декстрометорфанот се користи нашироко, но нема доказ дека делува, а носи одредени ризици“, вели доктор Пол.

Медот пак, се користи ширум светот како народен лек против кашлица и е сигурна и делотворна алтернатива на класичната медицина

Постојат неколку објаснувања за тоа зошто медот помага во ублажувањето на кашлицата, објаснуваат Пол и неговите колеги.

Медот е сладок и има текстура на сируп, па делува смирувачки на иритираното грло, а најважно е дека содржи високо количество на антиоксиданси и на тој начин делува против микробите.

Медот не се препорачува за деца помали од една година поради можна појава на алергии.

Половина супена лажица е доволна за деца од 2 до 5 години, а цела лажица може да им дадете на деца од 6 до 11 години. Две лажици пред спиење е за деца над 12 години и возрасни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.