Никотинот може да биде лек!
Никотин освен во тутунските производи има и во овошје и зеленчук. Иако е штетен за белите дробови, сепак, некои истражувања покажаа дека е одлична заштита на мозокот. Истражување на американски научници покажало дека храната што содржи никотин може да помогне во спречување на Паркинсоновата болест. Податоците биле собрани на универзитетот Вашингтон каде мониторирале 1134 испитаници. Ги прашувале колку често консумираат храна која содржи мали количини на никотин, како што се пиперки и домати. 490 од испитаниците биле со Паркинсонова болест а 644 здрави. Се докажало дека најизразен ефект во превенција на Паркинсоновата болест и тоа со пиперки, има кај лицата кои не се пушачи ниту пак внесувале никотин преку други тутунски производи.