Никако немојте да пиете вода од шише кое стоело во автомобилот!

245

Водата која стоела неколку дена во автомобил и притоа, тој бил изложен на сонце, во потполност го менува својот хемиски и бактериолошки состав!

Имено, доколку температурата надвор е околу 30 степени, внатре во автомобилот ќе биде 45.

Доколку тој стои неколку часа изложен на сончевите зраци, температурата може да се искачи и на 70 степени. Можете само да претпоставите што се случува со водата во пластичното шишенце.

Еве што се случува:

Спроведени се истражувања на оваа тема, при што се покажало дека пластичните шишиња, на вакви температури испуштаат “Бисфенол А”, кој го имитира излачувањето на естроген и придонесува за дисбаланс на хормоните.

Овој елемент, исто така е поврзан и со дијабетесот, како и зголемувањето на телесната тежина.

Покрај тоа, загреаната пластика испушта и “Антимон”, исто така опасен елемент за здравјето на луѓето.

Затоа, пластичните шишиња, дури и ако не се отворени, секогаш чувајте ги на ладно и темно место, како би ги избегнале сите овие ризици по вашето здравје!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.