Никако не комбинирајте лекови за висок крвен притисок со банана!

377

„Бизнис инсајдер“ претставува четири најопасни комбинации на лекови и храна на кои би требало да обрнете внимание во иднина.

– Зелениот зеленчук (брокула, спанаќ) е богат со витамин К, кој го потиснува дејството на разредување на крвта, така што оваа комбинација воопшто не се препорачува.

– Некои лекови против покачен притисок го зголемуваат нивото на калиум во организмот. Доколку се комбинираат со банана, овошје кое исто така е богато со калиум, оваа комбинација може да го наруши срцевиот ритам и да предизвика срцебиење.

– Храната богата со растителни влакна (како на приемер оревите) ја спречува апсорпцијата на одредени лекови против болест на тироидната жлезда. Доколку консумирате големи количини од оваа храна, можеби ќе треба да ја зголемите и дозата на лекот, во консултација со лекар.

– Сокот од грејпфрут го зголемува ефектот на лековите за намалување на холестеролот во крвта, што може да резултира со зголемени шанси за несакани ефекти како што се болки во нозете. Консумирање на ова овошје треба да се избегнува и доколку земате лекови за висок крвен притисок, неправилен срцев ритам или анксиозност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.