Невработени медицински сестри ангажирани во Мобилниот сервис за домашна посета во Кочани

Медицински сестри и социјални работници преку мобилен сервис за домашна посета ќе спречуваат компликации кај хронично болни во кочанскиот регион. Шестмината ангажирани кои досега биле под Агенцијата за вработување, секој ден треба да им бидат достапни на пациентите од руралните подраќја кои имаат потреба за медицинска грижа во домашни услови.

– За првпат кај нас се имплементира еден европски модел на здравствена услуга што жителите од руралните места во регионот ќе ја добиваат во нивните домови. Ќе бидат опфатени сите пациенти со хронични болести, кардиоваскуларни болести, дијабет, мајките со мали деца, постарите лица кои се потешко подвижни, а медицинските сестри имаа посебен тренинг за давање здравствени услуги во домашни услови, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Овој проект е заеднички на министерствата за здравство и труд и социјала.

– Македонија досега немаше заеднички сервиси за грижа за здравствени и социјални ризици кои никогаш не се исклучуваат еден со друг, а со овој сервис покажуваме дека ако заеднички и мултисекторски им пристпауваме на проблемите, граѓаните ќе бидат позадоволни од услугите. Конечно, целта е да добиеме национална програма за здравствено-социјални услуги, за да можат граѓаните полесно да ги остваруваат своите права, изјави  министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Но ова не е трајно вработување на медицинските сестри кои се дефицитарен кадар во речиси сите здравствени установи. Во Агенцијата за вработување околу 1000 вакви здравствени работници чекаат шанса, а од вработените пак, голем број заминуваат во странство каде добиваат многу полеми финансиски средства. Ангажираните во мобилниот сервис ќе бидат на работа девет месеци а плата од 18.500 денари треба да им дава општината но со пари обезбедени од УНДП.

Следен ваков проект надлежните планираат и за Битола и Ресен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.