Непушачите бараат подолг платен одмор!!

Работниците што се непушачи бараат да добијат подолг платен одмор затоа што нивните колеги пушачи одат на подолги паузи од нив. Поради тоа, тие почнале да го пресметуваат времето поминато на пауза за цигара, па веруваат дека треба да бидат наградени со подолг платен одмор, за работодавците да им надоместат.

Компанијата „Хало“, која произведува е-цигари, анкетирала 1.000 работници во Америка и ги прашала колку време мислат дека пушачите-работници трошат на паузите за палење цигара и дали на непушачите ова време треба да им биде надоместено.

Еве што во анкетата откри „Хало“:

– Додајте го времето што пушачите го трошат надвор на пауза за цигара. Тоа е еднакво на околу шест дена во годината.

– Луѓето во областа на технологијата, големопродажбата и малопродажбата поминале најмногу време во пушење: 20,4 дена во една година.

– Мажите пушачи изјавиле дека би биле поттикнати да се откажат од пушењето ако компанијата им даде дополнителни 12 дена одмор годишно; жените рекле дека им требаат 11 дена.

– Околу 80 отсто од непушачите верувале дека треба да добијат дополнителни денови платен одмор за да надоместат за времето што пушачите го трошеле на паузите за пушење.

– Изненадувачки, 60 отсто од  пушачите се согласиле дека нивните колеги непушачи треба да добијат повеќе денови одмор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.