Немојте да комбинирате алкохол и цигари!
Кај пушачите кои консумираат и поголема количина алкохол мозокот умира побрзо отколку кај луѓето кои пијат алкохол и пушат цигари повремено. Според последното истражување на оваа тема, оние кои пушат треба да престанат со пушењето или барем да го намалат и да пијат помалку алкохол. Експертите дури препорачуваат дека овие две работи никогаш не смеат да се земаат во исто време.
Во истражувањето биле вклучени 4635 мажи и 1838 жени, и нивните мозочни функции се контролирани три пати во период од десет години.
Резултатите покажале намалување на функцијата на мозокот кај луѓето кои пушат и пијат алкохол. Односно функцијата на мозокот опаѓа за 36 отсто кај страствените пушачи во споредба со оние кои тоа го прават повремено. Експертите откриле дека мозокот кај никотинските зависници кои пијат и алкохол функционира така што кога тие стареат 10 години мозокот старее 12.