Нема струја во поликлиниката Букурешт, пациентите шетаат по скопските поликлиники!

Втор ден без струја поликлиниката Букурешт. Не функционира Мој термин, нема прегледи,  упати ниту издавање на рецепти. Лекарите во специјалистичките кабинети ги препраќаат пациентите во други установи. Утрово никој не ги известил болните за прекинот на електрична енергија па голем број без потреба доаѓаа до ординациите.

-Дојдов ама не завршив, нема струја, не може да ме прегледа, ми пишуваше рачно што да купам од аптека.

-Нема струја и се вратив, не е итно, за кај општ лекар доаѓав, велат пациенти.

Според надлежните, причина за ваквата состојба е голем дефект на трафостаница.

 – синоќа и во текот на целата ноќ, навреме, презедовме `се што е потребно за префрлување на вакцините, на инсулините и на биохемиските реагенси на безбедни локации во другите поликлиники, со што спречивме какви било материјални штети или оштетување на здравствените препарати, стои во соопштението од Здравствен дом Скопје.

-Поради немање на електрична енергија, децата за вакцинирање од поликлиниката Букурешт ги препраќаат во поликлиниката во Ѓорче Петров а оние за инсулинска терапија мора да одат дури до Бит Пазар.

дојдов за инсулин, ама ми рекоа да одам на Бит пазар, вели пациент.

Синоќа неколку часа без струја останала и Брза Помош, но од полноќ повторно им била во функција на граѓаните.

Немаме проблем денеска, сега функционираме нормално, вели управничката на Брза Помош.

Од Здравствен дом Скопје уверуваат дека екипи работат на санирање на проблемот, но незнаат кога поликлиниката ќе добие струја.  Саботното дежурство на специјалистичките служби од оваа поликлиника ќе биде на Бит Пазар.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.