Нема прегледи преку Мој Термин во болницата во Козле и Клиниката за детски болести
Од денеска нема Мој Термин во болницата во Козле и на Клиниката за детски болести. Поради епидемијата на морбили сите прегледи ќе бидат одложени и презакажани за наредниот месец. Од Детска клиника бараат за кај нив да не праќаат и деца со приоритетни упати а и двете здравствени установи ќе примаат само ургентни случаи.
-Ние како болница една од мерките што може да ја преземеме, тоа е одложување на термините, значи нема да вршиме никакви прегледи, освен секако некои итни случаи кои ќе дојдат кај нас, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болница за белодробни заболувбања кај деца Козле.
Алармантната состојба со мали сипаници ги мобилизираше вработените во детските здравствени установи. На работните места медицинскиот персонал е со заштитни маски а од вчера имаат и посебен протокол за третман на заразени и сомнителни пациенти.
Стенд уп-Покрај строгата забрана за посета во болничките соби, во детската болница во Козле има и посебен изолиран оддел каде третираат пациенти со морбили и грип. Во моментот имаат хоспитализирано тројца такви пациенти.
Педијатрите предупредуваат дека е многу опасно по здравјето на мало бебе кое има пневмонија или дете со малигно заболување да дојдат во контакт со заразен од морбили или грип. Бараат од родителите болните деца прво да ги носат во дежурните пунктови.
-Мора да има еден филтер а тоа се ноќните, односно дежурните пунктови каде лекарите ќе го направат првичниот преглед и ќе утврдат дали има потреба од понатамоѓен болнички третман за детето, вели Андоновски.
Освен епидемијата со морбили лекарите се загрижени и од ширењето на свинскиот грип од кој мината недела имаше два смртни случаи, на 5 годишно дете и 25 годишна девојка. На клиниката за детски болести во моментот имаат 6 дечиња со грип од кои две се во тешка состојба.