Нема да букне епидемија на ХИВ во Македонија – Најдено времено решение!

Опасноста од појава на епидемија од ХИВ засега ќе ја одмине Македонија. Невладините организации добија ветување од министерот за здравство дека нема да се укинат програмите против СИДА, корисници на дрога, и сексуални работници и до крајот на годината ќе има пари за нивна одржливост. Од ХОПС ги предупредија надлежните дека без итно решение околу 10 000 лица кои употребуваат дрога ќе останат без здравствена заштита а ќе имаше и над 800 нови случаи на ХИВ инфицирани. Проблемот е што на крајот на јуни завршува финансирањето од Глобалниот фонд, кој 13 години даваше финансии за овие сервиси.

 Нема да се случи колапс, има одреден буџет во Министерството и заедно со останатите средства од Глобалниот фонд до крајот на годината ќе има финансиски средства за оддржливост на програмите. Станува збор за 6 милиони денари кои се надеваме дека ќе бидат доволни до крај на годината. За идната година ќе планираме како и за сите други за да се најде решение за 2018 година“,изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Од ХОПС велат дека Македонија е лидер во регионот со најниска стапка на ХИВ инфекција. За да продолжи земјата со ова темпо, програмите мора да бидат финансирани од државата.

Глобалниот Фонд изминатиот период, сите овие 13 години инвестираше 33 милиони долари, од кои 25 за ХИВ и 8 милиони долари за ТБЦ“, изјави Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

Над 15 000 корсници се вклучени во овие услуги кои се надвор од здравствениот систем. Доколку продолжи финансирањето ќе се спречат 290 смртни случаи и 840 нови случаи. Остануваат осум дена до рокот, поминати се сите рокови и доколку не се интервенира треба да се стави клуч на овие програми“рече Елизабета  Божиноска координатор на платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ.

ХОПС започнува со кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница“ за континуирана финансиска поддршка за намалување на штети од употреба на дроги. Таа е повик до носителите на одлуки за продолжување на проектите кои работата на превенција и унапредување на јавното здравје.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.