Неколку совети како да ја заштитите косата од летните температури!

Доколку сакате да имате здрава и негувана коса, потребно е да ја подготвите за изложување на сонце, бидејќи правилата за одржување на убавата коса како за на зима не се исти. Кога ќе дојде убавото време, секако е потребно да размислуваме за поразличен начин за нега на телото, лицето и косата.

Подготовките за очекуваните високи температури, а и летото, треба да започнат на време. Косата секогаш е чувствителна на УВ зраците, па многу често кога се враќаме од море треба да ја скратиме косата, бидејќи е премногу оштетена. Поради тоа, започнете на време со негата и безгрижно уживајте во летните периоди.

Пред летниот одмор задолжително посетете го Вашиот фризер. Многумина веруваат дека тоа е најдобро да се направи после одмор, но според мислењето на стручњаците токму тоа е замката. Испуканите врвови уште повеќе се оштетуваат поради влијанието на сонцето и солта па кога ќе се вратите ќе морате да ја скратите косата повеќе отколку што сте замислувале. Предлог – две седмици пред да одите на море, скратете ја косата и заминете на одмор со здрава коса.

Збогатете ја Вашата исхрана со здрави намирници богати со омега 3 масните киселини. Во храната додадете повеќе риба, јајца, спанаќ, ленено масло и чиа семки. На тој начин ќе ја нахраните Вашата коса од внатре и таа ќе биде сјајна, јака и здрава, а воедно и Вашиот организам ќе го збогатите со здрави супстанци.

Дозволете си дополнителна нега за Вашата коса. Миете ја косата секој ден или секој втор ден, бидејќи за време на топлите денови, коренот сè повеќе поти. Важно е да ја миете косата со благи шампони наменети за секојдневна употреба, односно одберете шампон со арганово масло.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.