Неколку природни рецепти како да го отсраните израстокот од масно ткиво

Масното ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни келии. Претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на вашето здравје. Масното ткиво настанува без да го забележиме и без болка, освен во одредени случаи кога настанува липом

За оние кои сепак не сакаат да одат хирушки да го отсранат, можат да се обидат со рецептите за природно лекување и отстранување на масното ткиво.

Масното ткиво се создава незабележително и без болки освен во некои одредени случаи (липом).

Најчесто се јавува кај луѓе постари од 40 години, но нема правило, па може да се појави и кај деца.

Најчесто масното ткиво се појавува на глава, на раце, на грбот, вратот, нозете и други делови од телото. Докторите советуваат хируршко отстранување на масното ткиво, со рутинска операција која не трае подолго од половина час.

Липом е бениген тумор кој се состои од масно ткиво. Овој израсток, по правило, е безболен и се придвижува на допир. Се јавува на разни делови од телото, па дури и на стомакот.

Липомите се создаваат кога од низа причини доаѓа до затнување на протокот на лимфната жлезда или едноставно, се зголемил бројот на масните клетки на одреден дел од телото.

Поради неправилна исхрана, живот без физичка активност и лоша моторика на цревата, штетните супстанции не се отстрануваат навремено од организмот, па често се создаваат наслаги во вид на израстоци како овој.

Масното ткиво не предизвикува непријатност, туку претставува само естетски проблем. Особено не е убаво за око доколку се појават мноштво липоми (липоматоза).

Никако не смеете да го стискате масното ткиво: пренесувањето на инфекција може да предизвика тешки последици, бидејќи повреденото ткиво уште повеќе и побрзо се шири.

При откривање на липом се советува дека масното ткиво со големина од околу 2 см може полесно да се раствори со консумирање на специјални лековити супстанции, а од поголемите израстоци се зема материјал за испитување за да се утврди дека навистина станува збор за бенигно масно ткиво, а не малиген тумор.

За да се спречи натамошна појава на липом, потребно е оние кои имаат проблематична кожа (акни, себореја) внимателно да се негуваат и да користат разни гелови за миење и пилинзи (овие последните најмногу двапати седмично).

Во исхраната мора да има повеќе целулоза (зеленчук и овошје) и интегрални житарици, минимум масна храна, јаглени хидрати и слатки.

Постои и генетска склоност кон создавање на липоми, па во тој случај негата на кожата може да биде многу внимателна: голема е веројатноста дека липомите секако ќе се создаваат, но доколку внимавате тие ќе бидат поретки и помали.

За оние кои сепак не сакаат да одат под скалпел, би можеле да се обидат со рецептите за природно лекување и отстранување на масното ткиво кои помогнале во повеќето случаи.

РЕЦЕПТИ

Рецептот кој им помогнал на голем број луѓе во отстранување на масното ткиво е многу едноставен. Потребно е само да имате брашно и мед.

Од брашно и мед направете смеса со дебелина од 1 центиметар и величина потребна да го прекрие целото масно ткиво. Добиената маса не треба да биде премногу леплива.

Ставете ја смесата преку масното ткиво и фиксирајте ја со хартиена марама или газа за да не се извалка облеката. Вака треба да делува 36 часа, а потоа да се направи доза, и да се повтори постапката. После седум дена, ткивото би требало да прсне и да го исфрли насобраниот гној.

И останатите народни рецепти кои се пренесуваат меѓу луѓето се многу едноставни.

Еден од методите за отстранување е апитерапија, односно убоди-боцкање со пчели.

Потребни се само два убоди од пчела во масното ткиво и после седум дена би требало да исчезне. Ова важи само за лица кои не се алергични на пчелин убод: фатете со пинцета две пчели, свртете ги со боцката кон масното ткиво, и оставете да ве боцнат. Убодот во ткивото не е болен како во нормално ткиво.

Третиот метод за отстранување на масно ткиво е користење на прополис. На проблематичното место нанесете прополис и постапката повторувајте често, неколку денови.

За четвртиот рецепт се потребни само една жолчка и готварска сол:

2 супени лажици сол и
1 жочка,
Се мешаат и со оваа смеса се мачка масното ткиво. Добро се втријува 3 до 4 пати дневно. Масното ткиво обично исчезнува за 2-3 дена.

ОБЛОЗИ ОД КАЛАНХОЈА И ЛУК

Истолчете во аван свеж лист каланхоја (lat.Kalanchoe pinnata) и ставете го како облога на масното ткиво, фиксирано со завој или фластер за да преноќите со него. Терапијата трае две-три седмици.

Чешне лук истолчете во аван, додадете две-три капки растително масло, измешајте и нанесете од кожата врз ткивото, со лесно и нежно втријување во кожата.

Оставете 20 минути да се исуши. Потоа исплакнете со топла вода и намачкајте со 20% раствор од прополис. Процедурата практикувајте ја трипати дневно до оздравување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.