Недоволното спиење има влијание на плодноста кај мажите!

313

Неплодноста кај мажите поврзана со недоволното спиење. Покрај лоша здравствена состојба, зголемен ризик од срцеви заболувања и ментална болест, премалку сон може да предизвика и проблеми со плодноста кај младите мажи. Оние кои спијат помалку од седум часа на ден, навечер често се будат и имаат послаб квалитет на спиењето, имаат до 25 проценти помалку сперма и помали тестиси, ова го покажала студија на едне дански универзитет.
Во неа, истражувачите го анализирале вкупниот број на сперматозоиди кај повеќе од 1.000 мажи од тинејџерските до доцните дваесетти години, а резултатите ги споредиле со нивниот начин на живот. Тврдат дека недостигот од сон директно влијае на намалување на производството на машкиот хормон тестостерон. Поради тоа доаѓа до послаба продукција на сперма а логичен резултат е и намалувањето на тестисите. Квалитетот на спиењето директно влијае на квалитетот на спермата, а мажите со хроничен недостаток на сон често имаат и проблеми со плодноста. Според истражувачите недостатокот на сон често е поврзан и со други навики како пушење, пиење и повеќе стрес кои во оваа комбинација доведуваат до намалена плодност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.