Не успеа да се спаси животот на 40-годишниот Илче Котевски од Ресен, почина синоќа во ГОБ „8 Септември“

По повеќедневна борба со Ковид 19, почина спортскиот работник од Ресен, Илче Котевски, на 40 годишна возраст. Жителите на Ресен и на Преспа по социјалните мрежи бараа крвна плазма за неговото заздравување, но и покрај тоа што докторот Мирослав Бошевски донираше плазма за да се спаси животот на младиот ресенчанец, тој не се избори со корона вирусот.

Тој е меѓу првите заразени од овој град и во болницата 8 Септември во Скопје беше хоспитализиран од 10 јуни со променлива здравствена состојба. Пред два три дена значително му се влошила состојбата, па примил и крвна плазма, но од утрината бил поставен на респиратор, а кусо потоа починал.

Освен како претседател на РК „Преспа“, Илче бешеуспешен ракометен голман, а беше познат во градот и во Преспанскиот регион и како добар угостител, хуманист и сограѓанин секогаш прв да помогне и излезе во пресрет на своите сограѓани. Тие денеска се простуваат од него.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.