Не јадете сами, ќе ве фати срце!
Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат обичај да јадат сами се повеќе се разболуваат од срцеви болести.
Заради модерниот начин на живот многу луѓе не присуствуваат на семејните ручеци и се почесто јадат сами на масата, што може многу да влијае на нивното здравје.
Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат обичај да јадат сами имаат поголем ризик да заболат од срцеви болести, но и да станат дебели.
Дури 45% од мажите кои не јадат во друштво имаат проблем со покачен крвен притисок, холестерол, неретко се дебели и се чувствуваат осамени. Слични симптоми се забележани кај 30% од жените.
Истражувањето покажало и дека луѓето кои јадат сами почесто јадат нездрава храна, избегнуваат внесување вода и зеленчук и внесуваат огромни количини храна.